Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со Џенова обезбеди опстанок во Серија А. Во последното коло, Џенова одигра без голови на гости против Фирентина, а голема работа заврши и неговиот поранешен клуб Интер, кој го победи Емполи со 2-1, испраќајќи го во Серија Б.

Го заслуживме опстанокот. Беше навистина тешка сезона за нас, но успеавме да ја оствариме целта. Му благодариме и на Интер, кој го победи Емполи. Им посакувам се најдобро во Лигата на шампионите“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми.

Џенова на крајот на првенството во Серија А заврши на 17.позиција со 38 бода, идентично како и тимот на Емполи, кој сепак ќе мора да се пресели ранг подолу во италијанскиот фудбал.

ekipa.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.