Кога македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе стане нов играч на Наполи се чини е само прашање на време, а запрашан за младиот фудбалер, капитенот Пандев имаше само пофални зборови.

Елмас е еден од најдобрите млади играчи во Европа. Ако Наполи го купат, ќе направат добра зделка. Разговарав со него не ми кажа ништо конкретно, но знам дека ќе биде големо засилување за Наполи. Може да игра на сите позиции во средниот ред, може да игра и зад напаѓачите, има добро чувство за гол. Верувам дека Наполи е идеален клуб за него, изјавил Пандев за „Скај Спорт Италија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.