Италијанскиот клуб Палермо, во кој настапуваат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, е испратен во Серија „Ц“. Одлуката ја донело обвинителството во Италија. Инаку сицилијанскиот клуб имаше одлична сезона во Серија Б и се бореше да влезе во Серија „А“ оваа сезона.

Причината за одлуката на обвинителството во Италија се финансиските измами од сопственикот на клубот, Маурицио Ѕамаприни. Преку нив, Палермо успевал да го финансира своето учество во три последователни првенства, од 2015 до 2017 година.

Во такви околности, екипата ќе биде заменета од Перуџа. Среќа има и тимот на Венеција, кој ќе остане во вториот ешалон на Италија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.