Мароко ја приреди првата сензација во нокаут фазата на Светското првенство, совладувајќи ја вечерва репрезентацијата на Шпанија на пенали со 3-0, откако осминафиналниот дуел во Ал Рајан заврши без голови по 120  минути игра.

Мароканскиот херој беше голманот Боно кој во серијата пенали ги одбрани сите удари од белата точка на Шпанија. Непрецизни во шпанскиот состав беа Сарабија, Солер и Бускетс, додека на спротивната страна ударите од белата точка ги реализираа Сабири, Зијеш и Хакими.

Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Швајцарија.

Дуелот е на програмата вечерва од 20 часот во Лусаил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.