Германскиот фудбалер Месут Озил изјави дека нема да го напушти Арсенал до 2021 година.

Поранешниот играч на германската репрезентација има 31 година и заработува 350.000 фунти неделно во Арсенал, па затоа не го напушта тимот со причина.

Своевремено платен 43 милиони фунти на Реал Мадрид, сега тој вели дека сака да остане до крајот на договорот и да му даде на Арсенал се што има.

Работите не беа идеални, тешко беше, но јас го сакам Арсенал. Јас ќе одлучам кога ќе заминам, никој друг. Ќе му дадам на Арсенал сè што имам, ситуации како оваа не можат да ме скршат, тие само ќе ме направат посилен. Покажав претходно дека можам да се вратам од неповолни ситуации и тоа ќе го покажам повторно, рече Озил, цитиран од Би-Би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.