Натпреварот против Холандија нема да биде последен настап за репрезентацијата само на капитенот Горан Пандев и на селекторот Игор Ангеловски, туку и на уште двајца репрезентативци.

Непосредно пред дуелот со Холанѓаните Крсте Велкоски преку социјалните мрежи сподели дека дека и за него ова е последниот натпревар во македонската репрезентација.

Воедно играчот на Сараево потврди дека „последниот тац“ во сениорскиот дрес го има и членот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.