Во денешно време кога ќе се спомене Роналдо сите помислуваат на играчот на Јувентус Кристијано.Но до пред десетина години постоеше еден друг Роналдо.Целото име му беше Луиз Назарио дел Лима Роналдо и беше голгетер каков ретко се раѓа.Овој бразилец ги решеташе мрежите во дресто на ПСВ, Интер и на Барселона.

По завршувањето на кариерата се посвети на играњето покер на професионални турнири, купи клуб Ваљадолид, пушти пивско стомаче и ужива во животот.

Се женеше три пати и се чини дека на 43 години се скраси покрај 14 години помладата Селина со која замина на одмор на Балеарските острови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.