Црвена звезда утре од 20 часот ќе игра против домашната Тирана во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во албанскиот шампион настапува Анди Лиља, фудбалер кој учествуваше во нередите во 2014 година во Белград кога на мечот Србија и Албанија кога беше пуштен дрон со знамето на „Голема Албанија“.

Тој тогаш го оттргна Александар Митровиќ за да не му го земе знамето на Голема Албанија. Лиља ќе настапи и утре и повторно може да се очекуваат тензии иако мечот ќе се игра без гледачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.