Во Дорест отпочна процес за смртта на Емилијано Сала, на денешниот судски претрес беше обелоденето дека Аргентинецот починал од повреди на главата и градите.

Емилијано Сала починал од повреди на главата и градите кога неговиот авион се срушил во Англискиот канал, ова беше кажано на денешниот судски претрес.

Пред судот во Дорест, каде е отворен процес за смртта на Аргентинецот, исто така беше откриено дека фудбалерот бил идентификуван од страна на експерт за отпечатоци.

Со оглед на тоа дека Одделот за истрага за авионски несреќи ќе ја испитува авионската несреќа помеѓу 6 и 12 месеци, процесот во Дорест е одложен за 6. ноември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.