Поранешниот стратег и еден од основачите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, ги напушти редовите на македонскиот фудбалски прволигаш и тренерската кариера ја продолжува во Кувајт.

Тренчовски, како што е соопштено, ја прифати поканата од шампионот на Кувајт, тимот на Ал-Араби, каде ќе продолжи како технички директор на младинската школа и тренер на Б-тимот.

– Академија Пандев ти се заблагодарува за сè што имаш направено за нашиот клуб, а како круна на твојата макотрпна работа беше и првиот клупски сениорски трофеј и излез во европските натпреварувања. Ти посакуваме многу успеси во првиот интернационален предизвик и во иднина твоето новостекнато фудбалско и организациско искуство да го пренесеш за развој на македонскиот фудбал“, соопшти струмичкиот прволигаш

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.