Барселона вчера го победи Леганес со 3-1 и ја задржа предноста на табелата во шпанската Примера, но на оваа средба каталонците го загубија Осман Дембеле. Франузинот влезе во посакуваниот ритам и вчера беше најдобар играч на теренот пред да го повреди зглобот.

Токму денеска беа изврешни детални медицински прегледи кои покажаа дека повредата сепак не е многу сериозна и брзоногиот напаѓач ќе биде во аут околу 15 дена.

Дембеле досега има одиграно 50 натпревари во дресот на шпанскиот гигант, а неговиот учинок е 17 голови и 12 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.