Сите фудбалери кои отпатуваа на гостувањето кај силната Полска, веруваат дека може да останат непоразени, и да останат во игра за освојување на втрото место во групата, кое би им донело пласман на Европското првенство.

Иако и третото место би било успех, бидејќи досега „црвено-жолтите“ никогаш не биле ниту трети, сепак, желбата е да се биде втор. Тоа нема да биде можно ако екипата на селекторот Игор Ангеловски загуби задутре од Полска.

На вечерашниот прв тренинг во Варшава, не тренираа Алиоски и Адеми, додека Елмас и Николов не тренираа со полн интензитет. Утре на тренинзите ќе се приклучи Алиоски, а настапот на повредениот Адеми е неизвесен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.