Новата мегајахта на рускиот милијардер Роман Абрамович, наречена „Соларис“, е речиси подготвена за првото свое патување и чини 500 милиони долари (околу 410 милиони евра), пренесува РТС.

Снимен за прв пат, огромниот брод има два софистицирани електрични мотори што го прават – најмоќната јахта во светот. Фактот дека има осум палуби, исто така, доволно зборува за големината!

Јахтата има 48 кабини и може да прими 36 патници, а екипаж од 60 лица е одговорен за неговото работење. Може да достигне брзина од 18 јазли (33,3 километри а час), има носивост од 11.000 тони, а долга е 140 метри.

На пловилото има базен, бар на отворено, џакузи, сауна и хеликоптер. Според британски „Сан“, тоа веројатно ќе биде подготвено да плови до летото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.