Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година синоќа не го одржа планираниот тренинг во шпанскиот град Алкоркорн, пред четврточниот квалификациски дуел против Шпанија. Причината за тоа е фактот што целата опрема на македонските фудбалери била задржана на аеродромот.

Техничкиот менаџер на националниот состав до полноќ не успеал да ја „извлече“ опремата, а немало ниту информација што е потребно да се обезбеди за да може опремата да стигне до фудбалерите.

Одговорот од Шпанска фудбалска федерација е дека не знаат за некој нов закон и барање било каква декларација за носење и подигнување спортска опрема, а од ФФМ информираат дека немале добиено никаков допис за дополнителна документација.

За случајот е информиран е делегатот на натпреварот, но и амбасадата на Македонија во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.