Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона ја шокираше вечерва фудбалската јавност потврдувајќи дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси (34) заминува од каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја клупска кариера.

Иако неодамна Барселона и капитенот Меси начелно се согласија за продолжување на соработката, нов договор не е потпишан поради, како што е соопштено, „економски и структурни пречки“.

Двете страни искрено жалат што на крајот беше невозможно да се усогласат желбите на фудбалерот и на клубот, соопшти Барселона.

Меси во Барселона дојде на 13-годишна возраст и дебитираше за првиот тим во 2004 година.

Во дресот на каталонскиот клуб Аргентинецот одигра 778 натпревари и постигна рекордни 672 голови во сите натпреварување.

Маси со Барселона освои десет шампиони титули во Шпанија, седум трофеи во шпанскиот куп и четири во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.