Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеал срцев удар во текот на натпреварот против Финска на Европското првенство, изјавил докторот на данскиот тим, Мортен Босн.

-Стануваше збор за срцев застој. Колку бевме блиску да го загубиме? Не знам, но го вративме по една дефибрилација, што е прилично брзо – изјавил тој, додавајќи дека сите прегледи на Ериксен дотогаш биле добри.

Според него, не е јасно што го предизвикало колапсот кај Ериксон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.