Добри вести од Италија за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски откако пандемијата со Ковид 19 ја зафати Џенова по мечот со Наполи. Капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас се негативни на тестовите и ќе можат да играат на бараж дуелот Македонија – Косово.

Паниката во Италија но и во нашиот национален тим се создаде по хаосот во тимот на Пандев Џенова каде дури 14 лица беа позитивни на Ковид 19 по мечот со Наполи за кој настапи нашиот репрентативец Елиф Елмас.

Сепак тестовите велат дека Пандев но и сите фубалерите на Наполи, вклучувајќи го и Елмас се негативни што значи дека обајцата ќе можат да дојдат во Скопје за натпреварот со Косово на 8-ми октомври во Лигата на нациите.

Ваквиот развој на настаните предизвика реакција кај министерството за спорт во Италија кое преку заменикот министер Сандра Зампа побара прекин на натпреварите во Серија А.

Протоколите кои ги потпишавме говорат сами за себе, Серија-А мора да биде прекината. Заразените не можат да играат бидејќи можат да ги заразат другите, изјави Зампа.

Официјалната одлука се очекува во наредните денови.

Извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.