Фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Одегард следната сезона како позајмен ќе игра во Реал Сосиедад. Управата на клубот официјално потврди дека Норвежанецот ќе му биде позајмен на Сосиедад на една година, поточно до летото 2020 година.

Одегард минатата сезона играше одлично во дресот на холандскиот Витезе, каде што на 39 натпревари постигна 11 голови.

Кога кралскиот клуб го донесе од Норвешка, младиот Одегард беше една од најголемите ѕвезди и му предвидуваа голема кариера, но следните неколку сезони не успеа да се покаже во кралскиот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.