Синонимот за спортот во Македонија, не само за фудбалот ги живее најтешките денови. На две кола до крајот Вардар е предоследен на табелата а тоа води во Втората лига. Пред него е Академија Пандев но тимот на на нашиот репрезентативец е поквалитетен и тешко дека ќе ја испушти оваа можност и четирите бодови предност.

Пропаста на Вардар не дојде преку ноќ туку за него се заслужни и претходното раководство на чело со Самсоненко но и сегашното. Актелниот управител на Вардар, а тоа е Градот Скопје не покажа ни малку заиинтересираност и го остави клубот да допропадне.
Неколкумина инвеститори покажаа заинтересираност да вложат во клубот но се остана само на желба без конкретен договор.

Играчите се оставени без пари, клубот живурка од средствата што ги собраа Комитите, а пак тренерот Илиевски и покрај короната од која боледуваше правеше напори да собере бодови.

Но, кога не оди не оди.

Вардар ќе остане македонскит великан и во Втората лига. И не е толкава трагедија. Во вторите лиги играле и еден Јувентус, Глазгов Ренџерс, Њу Касл па преживеале. Ќе преживее и Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.