Денеска претпладне во Барселона од коронавирус, почина мајката на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, Долорес Сара Карио (82).

Манчестер Сити на објави и соопштение, во кое искажува сочувство за загубата на тренерот.

-Сите кои се поврзани со клубот му упатуваат нaјискрено сочувство на Пеп, на неговото семејство и на сите негови пријатели, – стои во соопштението.

Инаку, Пеп Гвардиола ја загуби мајка му само една недела откако на Шпанија ѝ донираше милион евра во борбата со коринавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.