Синиша Михајловиќ на 13. јули објави дека боледува од леукемија.

Пет дена подоцна почна со интензивен третман.


Денеска, 40 дена подоцна, српскиот фудбалски стратег ја напушти болницата во Болоња и тргна на пат кон Верона каде ќе го предводи својот тим во натпреварот од 1. коло на Серија А.

Италијанските медиуми го снимија Михајловиќ како го напушта хотелот во Верона во кој се сместени фудбалерите на Болоња, и тргнува кон стадионот Бентегоди, каде се игра натпреварот со почеток до 20.45 часот.
Михајловиќ во оваа прилика имаше капа на главата и заштитна маска на лице.

Михајловиќ на стадионот беше пречекан со овации од страна на навивачите и фудбалерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.