Премиерот на Шпанија Педро Санчез објави дека од 4 мај на локалните професионални спортисти ќе им биде дозволено да прават индивидуални тренинзи надвор.

Ова значи дека играчите сега ќе можат да ги спроведуваат своите активности во клупските бази, иако самостојно. Овој датум е спомнат и во протоколот на Врховниот совет за спорт, испратен до Министерството за здравство и објавен од Санчез.

Пред тренинг, ќе бидат тестирани играчи и претставници на ограничениот тренерски персонал. Ова ќе се случи во нивните автомобили.

Наведени се уште три важни датуми. Од 18 мај тренинзите ќе се одржат во мали групи од шест, а една недела подоцна по осум. Ќе нема повеќе од 10 лица на терен, вклучувајќи ги и тренерите.

На 1 јуни се предвидува активности да бидат дозволени во исто време за целиот тим, но повторно под одреден протокол. 5 јуни е долгоочекуваниот датум на кој веројатно ќе продолжи сезоната во Ла Лига, иако без публика.

Во зависност од напредокот на тренинг процесот, можно е да има еднонеделно одложување и првите натпревари од 28-то коло да се играат на 12 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.