Иако во последните 2-3 сезони Карим Бензема игра во одлична форма и на секој натпревар покажува дека е еден од најдобрите напаѓачи во светскиот фудбал, тој нема да добие шанса да се врати во француската репрезентација.

Карим Бензема нешто повеќе од шест години не е дел од репрезентацијата, а според медиумите во Франција, така ќе остане до крајот на кариерата без разлика какви игри прикажува. Медиумите откриваат дека Бензема направил се за да врати во репрезентацијата и да игра на ЕП, но претседателот на француската фудбалска федерација Ноел Ле Грат, кој и го избрка од репрезентацијата, нема намера да дозволи негово враќање.

Според медиумите, селекторот Дидие Дешамп нема ништо против враќањето на Бензема во репрезентацијата, особено што оваа сезона е најдобар играч и стрелец на Реал Мадрид, но пречка е Федерацијата.

Медиумите откриваат дека Бензема барал средба со претседателот Ле Грат, сакал и јавно да се извини за да се најде некаков компромис, но сите негови желби биле одбиени.

Бензема беше исфлен од репрезентацијата поради секс скандал поврзан со Матие Валбуена. Имено, Бензема во 2015 година наводно соработувал со лица кои го уценувале неговиот колега од репрезентацијата и му се заканил дека во јавноста ќе биде објавено видео во кое Валбуена има секс со непозната девојка. Бензема му рекол на Валбуена да им плати на уценувачите кои биле пријатели од детството на фудбалерот на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.