Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг оствари уникатно достигнување во европскиот фудбал.

Тој на натпревар од 25. коло на шпанското првенство против Валенсија (4:1) постига три гола со што стана првиот играч во 21 век кој постигнал хет-трик во четири од петте најсилни лиги во Европа (француската Лига 1, германската Бундеслига, англиската Премиер лига,шпанската Ла Лига и италијанската Серија А).

Напаѓачот од Габон, има реализирано хет-трик во Франција, каде што настапуваше за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, во Германија за Борусија Дортмунд, во Англија за Арсенал и сега во Шпанија за Барселона.

Ова се негови први погодоци за каталонскиот тим по доаѓањето од Арсенал во зимскиот преоден рок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.