Телото задолжено за креирање на фудбалските правила (IFAB) одлучи денеска да воведе измени во одредбата поврзана со случајно играње со рака на напаѓач во акција што резултира со постигнување гол. 

„Случајното играње со рака што ќе доведе до тоа соиграчот во продолжение на акцијата да постигне гол веќе нема да се санкционира како прекршок“, одлучи IFAB на своето годишно заседание. 

Новото фудбалско правило треба да почне да се применува од 1.април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.