В.Д. шефот на стручниот штаб на Вардар, Никола Глигоров, најави подобри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој сезонава за прв пат во својата историја се натпреварува во второлигашко друштво.

Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи – изјави Глигоров за официјалнта клупска интернет страница.

Поранешниот вардаров играч и капитен денеска беше назначен за в.д тренер на „црвено – црните“, откако клупското раководство му врачи отказ на Горан Симов по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.