Италијанската фудбалска федерација го објави изгледот на новиот трет дрес на националната селекција, комеморативен дрес во невообичаена зелена боја.

Ренесансниот дрес е направен за одбележување на новата генерација италијански фудбалери, а последен пат зелен дрес репрезнтативците имаа во 1954 година кога со 2:0 ја победија Аргентина. Тогаш сите младински репрезентации на Италија носеа зелени дресови бидејќи азурниот дрес беше привилегија само за тие во сениорскиот тим.

Дебито на новиот дрес ќе биде дуелот од квалификациите за Европското првенство во 2020 против Грција во меч во кој може да обезбедат пласман со победа. Мечот се игра на „Олимпико“ во Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.