Актуелниот лидер во шпанското фудбалско првенство, Атлетико Мадрид, соопшти дека во тимот има нови случаи на заразени со корона вирус.

Најнови играчи коишто се позитивни на вирусот се Томас Лемар и Ектор Ерера.

Со нив двајца вкупниот број за заразени со корона вирус во Атлетико Мадрид се искачи на шест.

Шпанските медиуми јавуваат дека екипата, во очекување на резултатите од тестирањата, го откажала претпладневниот тренинг, а фудбалерите индивидуално ќе пристигнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ за вечерашниот првенствен натпревар против Селта Виго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.