Откако Андрелехт го остави на клупа до крајот на неговиот договор, сега следи нов удар за фудбалската кариера на Огнен Врањеш. Босанецот повеќе не е член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, одлучи селекторот Роберт Просинечки.

Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во конфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни, вели Просинечки.

Аферата околу Јелена Карлеуша беше само последен од низата на инциденти на фудбалерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.