Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол за Ливерпул на гостувањето против Брентфорд, што за Египќанецот е 100 погодок во Премиер лигата.

До ваков ефект, Салах дојде во 151 одигран натпревар, што е рекорд во историјата на клубот.

Претходниот рекорд го држеше Роџер Хант, кој постигна 100 голови за Ливерпул во англиската Премиер лига на 152 одиграни натпревари.

Натпреварот меѓу Брентфорд и Ливерпул заврши нерешено 3:3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.