По повеќемесечна неизвесност, капитенот на Баерн (Минхен), Мануел Нојер сепак потпиша нов договор со клубот.

Претходниот договор истекуваше по 13 месеци, што ја зголеми веројатноста за разделување. Сепак, на крајот, голманот се посвети на тимот до летото 2023 година.

Излегува дека обете страни направиле отстапки за нивните првични идеи. Нојер (34) сакал договор до 2025 година, додека клубот има практика повторно да потпишува само 12 месеци со играчи на возраст над 30 години.

Според „Билд“, истото се случило и со неговата плата. Германскиот репрезентативец посака зголемување од 15 на 20 милиони евра. Неговата плата е навистина поголема, но не е близу 20 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.