Њукасл покажува интерес за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, објави новинарот Николо Шира.

Англискиот клуб ја следи моменталната ситуација на 30-годишниот Италијанец и е подготвен да го ангажира фудбалерот како слободен играч следното лето.

Во сезоната 2021/22, Инсиње одигра 14 натпревари за Наполи, постигна пет гола и четири асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Неапол е со важност до крајот на јуни 2022 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.