Претседателот на новата европска суперлига, сопственикот на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Флорентино Перез, за шпанските медиуми вели дека играчите од клубовите-учесници на турнирот нема да добијат суспензија од меѓународните турнири, и покрај изјавите на ФИФА и УЕФА.

Играчите од сите клубови од Суперлигата нема да бидат суспендирани од Евро 2020 и Светското првенство. Јас го гарантирам тоа. Тие можат да бидат 100% сигурни во ова. Суперлигашките клубови нема да бидат исклучени од националните лиги, изјавил Перез.

УЕФА се закани дека сите фудбалери кои ќе играат во оваа приватна лига ќе добијат забрана за репрезентативни настапи во УЕФА натпреварувањата. Дел од европските федерации се заканија и со можно исфрлање на клубовите од националните првенства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.