Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Никола Калиниќ е близу до враќање во Серија А. Според „Скај Италија“, Рома ќе биде новиот клуб на хрватскиот фудбалер.

Калиниќ ќе дојде на „Олимпико“ на позајмица. Двата клуба се договориле тој да биде позајмен до крајот на сезоната следното лето.

Претходно во Италија, Калиниќ играше за Фиорентина и Милан.

Минатата сезона, 31-годишниот Хрват во првенството на Шпанија настапи на 17 натпревари и постигна два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.