Поранешниот нигериски репрезентативец Исак Промис, кој во 2008 година беше дел од тимот на „суѕпер орлите“ и го освои олимпиското сребро, е пронајден мртов во неговиот дом во Тексас.

Неговото тело било пронајдено во теретаната во неговиот дом, а полицијата констатирала дека се работи за природна смрт.

Промис последниот ангажман го имаше за американскиот тим Болд, а во својата кариема има настапувано за Га Револушн и турските клубови Гиресунспор, Карабукспор, Мерсин и Трабзонспорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.