Косовскиот фудбалер Арбен Зенели, кој настапува за француски Ремс, ги воодушеви љубителите на фудбалот во Франција.

На гостувањето против Брест, играчот од средината на теренот, изведувајќи корнер испрати неверојатно прецизна топка којашто заврши во спротивниот горентагол од противничкиот гол, надвор од дофатот на чуварот на мрежата на Брест.

За жал на Зенели, неговото ремек-дело не беше доволно за Ремс да избегне пораз и на крајот мечот заврши со триумф на Брест од 2:1.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.