Ретко видена сцена се случила синоќа на стадионот на Рода каде навивачите на клубот од втората холандска лига го исфрлија сопственикот на тимот надвор од стадионот.

Незадоволни од фактот дека фудбалерите веќе неколку месеци не добиле плата, а тоа влијае на нивниот морал и игрите на теренот, тие го истуркаа газдата на клубот, Маурисио Гарсија Де Ла Вега, надвор од подтрибинскиот простор и го исфрлија низ вратата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.