Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својата официјална веб-страница го објави потпишувањето на договорот со бразилскиот голман Нето. Цената на трансферот на голманот од Валенсија изнесува 26 милиони евра, a уште девет милиони евра може да се платат како бонуси.

Договорот на 29-годишниот Нето со Барселона е со важност од четири години.

Нето бранеше за Валенсија од 2017 година, а минатата сезона, тој настапи на 34 натпревари во шампионатот на Шпанија. Претходно, од Барселона во Валенсија се пресели холандскиот голман Јаспер Силесен кој не беше задоволен од минутажата во каталонскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.