По натпреварот од полуфиналето на Светското првенство во Катар во кој Франција го победи Мароко со 2:0, првата француска ѕвезда, Килијан Мбапе, јавно упати утешни зборови за својот соиграч од ПСЖ, Ашраф Хакими.

Немој да бидеш тажен, брате, сите се гроди на тоа што го направивте, создадовте историја, порача Мбапе на Твитер, споделувајќи фотографија од нив двајцата во прегратка по натпреварот.

Мароко постигна историски успех станувајќи првата африканска репрезентација што успеала да влезе во полуфинале на еден Мундијал, а Ашраф и неговите соиграчи може да го надополнат тој успех со освојувањето на бронзата во натпреварот за третото место, што ќе го играат против Хрватска в сабота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.