Кристијано Роналдо за неговата мајка вели дека е најважната жена во неговиот живот. Заедно се консултираат околу сите важни одлуки во неговата кариера. Наводно таа влијаела и во изборот на неговите девојки со кои фудбалерот се забавувал. Не е тајна дека Долорес ја обожава партнерката на Роналдо Георгина Родригез.

Роналдо вели дека со неговата мајка живееле во тешка сиромаштија. Таа не ја добивала поддршката од нејзиниот сопруг, таткото на Роналдо, Хозе Динис Авеира, кој бил алкохоличар. Долорес во еден момент дури раскажала и дека размислува за абортус додека била бремена со Кристијано. Живееле во тешки услови.

Роналдо вели дека четири деца делеле една соба. Неговото детство било многу тешко, па често вели колку жртва многупати морала да поднесе неговата мајка за тие да ги имаат основните услови за живот.

Таа ми овозможи сè и го жртвуваше нејзиниот живот за мене. Многупати си легнуваше гладна за да имам јас што да јадам. Немавме пари, а таа работеше седум дена неделно за да можам јас еден ден да станам фудбалер. Целиот мој успех и го должам на неа, изјавил Роналдо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.