Пред два дена за влакно беше избегната трагедија на терен во Шпанија.
По само десет минути игра во прекин беше натпреварот помеѓу Кордоа и Расинг де Ферола во третата лига на
шпанскиот фудал. Причина за прекинот биле здравствените проблеми на српскиот фудалер Драгиша Гудељ (25), брат на српскиот репрезентативец Немања, кој паднал на тревникот и останал без свест, но и без пулс.

На стадионот настанала тишина штом тој колабирал, играчите се фатиле за глави, а лекарите брзо излегле на
теренот. Веднаш им станало јасно за што се работи и почнале со реанимација додека соиграчите на Гудељ во солзи ја гледале непријатната сцена. Сепак, по неколку моменти успеале да го оживеат и веднаш бил пренесен во блиската болница, а сега се знае дека закрепнал. Деталите за драмата ги раскажал лекарот кој го оживеал.

Да му се случеше ова во поинаква ситуација, можеби денес немаше да зборуваме за овој исход. Немаше пулс пет минути  се чинеше како цела вечност. Масажата и реанимацијата почнаа да го спасуваат и со два удари со дефирилаторот успеавме да го вратиме во живот – изјавил Хозе Брето за шпанските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.