Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар целосно закрепна од повредата и ќе се врати на теренот во натпреварот од 33. коло од француското првенство против Монако. Бразилецот му рекол на тренерот Томас Тукел дека има желба да настапи на натпреварот со тимот од Кнежевството.

Сепак, Нејмар прво треба да добие дозвола од клупскиот лекар и доколку тој даде зелено светло, ѕвездата на Пари Сен-Жермен в недела ќа се појави на теренот.

Дваесет и седумгодишниот Нејмар доби фрактура на стапалото на натпреварот од францускиот куп со Стразбур, кој се играше на 23 јануари.

Во тековната сезона, Нејмар настапи на 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и забележа 11 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.