Бразилскиот ас Нејмар вечерва со солзи во очите и на носилки беше изнесен од теренот, откако настрада при еден старт на Мендез во судиското продолжение на дербито со Лион.

Судијата му покажа црвен картон на гостинскиот фудбалер, но повредата на напаѓачот на ПСЖ веројатно ќе го остави надвор од теренот подолго време.

Се работи за повреда на скочниот зглоб на левата нога и останува да се види колку сериозна е ситуацијата, дали има фрактура или пак оштетување на лигаментите.

 

ПСЖ вечерва загуби од Лион во Париз со 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.