ден од најдобрите фудбалери на светот, Нејмар, потврди дека ќе остане во Пари Сен-Жермен сезоната 2020/21. Бразилецот има намера да ја освои Лигата на шампионите со парискиот клуб.

– Следната сезона ќе останам во ПСЖ. Со амбиции да се вратиме во финалето на Лигата на шампионите и овој пат да го освоиме, го цитира Нејмар прес-службата на клубот.

Ми се допаѓа идејата да направам сè за моето име да биде запишано во историјата на клубот. Ако луѓето се сомневаа дека ПСЖ е голем европски клуб, тогаш во Лисабон тие сомнежи умреа. Го напуштивме овој град со доверба во нашата можност да го добиеме финалето еден ден, додаде Нејмар.

ПСЖ на 23 август, во своето прво финале во Лигата на шампионите загуби од Баерн со 1:0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.