Шпанскиот фудбалски шампион Барселона се почесто се поврзува со двајца фантастични крилни напаѓачи кои сакаат летово да го променат клубот. Според „Диарио спорт“, каталонскиот клуб е заинтересиран за Антоан Гризман од Атлетико и Нејмар од ПСЖ. Наводно, двајцата играчи се согласиле на помали плати само да се реализираат трансферите.

Каталонците за Гризман ќе треба да платат 120 милиони евра, додека трансферот на Нејмар би бил најмалку двојно поскап. Како олеснување Барселона сака да го вклучи Филипе Кутињо во договорот со ПСЖ.

Минатата сезона Гризман настапи на 48 натпревари за Атлетико, постигна 21 гол и оствари 10 асистенции, а Нејмар учествуваше на 28 средби за ПСЖ, реализира 23 пати и забележа две асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.