Најголемата ѕвезда на ПСЖ, бразилскиот фудбалер Нејмар, добил понуда да го обнови договорот со францускиот шампион, пренесува „Мундодепортиво“. Раководството на клубот сака во најскоро време да започне преговори за продолжување на договорот, но се уште не е познат ставот на фудбалерот.

Летово Нејмар беше на излезна врата од ПСЖ. Барселона и Реал беа заинтересирани за 27-годишниот Бразилец, кој цело лето преговараше за можен трансфер.

Сепак, на крајот Нејмар реши да остане во францускиот клуб по убедувањето од соиграчите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.