И натаму е неизвесна иднината на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Италијанските медиуми пренесуваат дека во текот на оваа седмица ќе се вршат последните преговори помеѓу Јувентус и ПСЖ за евентуален негов трансфер на „Паркот на принцовите“.

Дибала неодамна одби да премине во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а според италијанските медиуми, најголема е веројатноста да се пресели во ПСЖ затоа што парижаните го сметаат како најсоодветна замена за Нејмар.

Наводно за утре е закажан состанок кога и дефинитивно ќе се знае дали Дибала ќе го напушти Јувентус или пак ќе остане во Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.