Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси призна дека би сакал Нејмар да се врати во клубот. Во летниот преоден рок, Каталонците преговараа со ПСЖ за трансфер на Бразилецот, но не можеа да се договорат.

Не знам дали Барса направи се што е можно за да го врати Нејмар, но вистината е дека преговорите со ПСЖ не се лесни. Би сакал Нејмар да се приклучи на нашиот клуб, истакна Меси.

Јас лично никогаш не побарав да биде донесен Нејмар. Сè што направив беше да го искажам своето мислење. Немам разочарување што не се врати. Барселона има импресивен список на играчи кои можат да се борат за сите трофеи, дури и без Нејмар, додал Меси.

Договорот на Нејмар со ПСЖ е со важност до 30 јуни 2022 година, а неговата цената на фудбалскиот пазар е околу 180 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.