Премиерлигашот Арсенал планира во зимскиот преоден рок да ги засили своите редови со шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски (21), јавија денеска британските медиуми.

Медиумите наведуваат дека делегација на Арсенал планира да замине за Италија за да го договори трансферот и оти клубот од Лондон е подготвен да понуди обесштетување од 30 милиони евра. Останува отворено прашањето дали тоа ќе биде прифатливо за италијанскиот клуб, кој за Кулушевски бара 40 милиони евра.

Јувентус го донесе Кулушевски во своите редови во 2020 година од Аталанта во трансфер вреден 35 милиони евра, но со доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри, шведскиот репрезентативец не е во прв план

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.