Филипе Кутињо еден ден сака да се врати во англиската Премиер лига. Ова го изјави неговиот агент Киа Јорабчијан, но додаде дека сите опции се отворени за иднината на фудбалерот.

Кутињо во моментов е на заем од Барселона во Баерн, но Германците немаат намера да го откупат и тој ќе се врати на „Камп Ноу“ летово. Сепак, Каталонците, исто така, не планираат да се потпираат на него и сакаат да го продадат. Има голем интерес кај Бразилецот од Англија, при што се споменуваат екипите на Челзи, Арсенал и Евертон.

– Не е тајна дека сум обожавател на Арсенал, но немам претензии каде ќе одат играчите. Јас не се обидувам да туркам никого кон одреден клуб. Премиер лигата е шампионат каде тој уживаше да игра и веројатно ќе се врати еден ден. Прашање е кои ќе бидат финансиските услови на сите клубови по крајот на пандемијата, изјави агентот на Бразилецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.